МЗТ Скопје следните пет години во опремата на „Адидас“

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром и компанијата „Спорт М“ денеска потпишаа договор според кој во следните пет години аеродромци ќе настапуваат во опремата од брендот „Адидас“.

Генералниот директор на клубот Видоја Секуловски се заблагодари за досегашната поддршка од компанијата „Орка спорт“ која го снабдуваше МЗТ со опрема од брендот „Ли Нинг“.

– Сакам да искажам благодарност на досегашниот спонзор „Орка Спорт“ кој во најтешките моменти му помогнаа на клубот. Се надевам дека со нов спонзорски договор ќе постигнеме повисоки резултати на домашен и меѓународен план. „Адидас“ е светски бренд и очекувам да ги оправдаме нивните очекувања. Со „Спорт М“ е договорено и отворање фан шоп за кој очекувам да проработи до крајот на мај. Објектот ќе се наоѓа во склоп на СЦ „Јане Сандански“, изјави Секуловски.

Претставникот на „Спорт М“ Елизабета Бошевска изрази задоволство од потпишувањето на договорот со МЗТ Скопје.

– До сега сме имале соработка со Ракометната федерација на Македонија, со Македонската кошаркарска федерација, со Традиционалното карате на Македонија и од денес со МЗТ Скопје и чест ни е поради тоа. Се надеваме дека кошаркарите ќе бидат од спортската опрема која ќе ја добијат, а исто така и навивачите за кои работиме на отворање фан шоп во кој тие кои ќе имаат можност комплетно да се подготват за поддршка на својот омилен тим, истакна Бошевска.

Задоволство од постигнувањето договор со новиот спонзор на денешната прес-конференција искажа и капитенот на МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Стојановски.

– Знаеме за каков бренд станува збор. Од играчки аспект ќе ни биде чест и задоволство да настапуваме со опремата на „Адидас“. Се надевам дека со повеќе победи ќе ја оправдаме соработката со „Адидас“, рече Стојановски.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он