СДСМ Аеродром: За ВМРО-ДПМНЕ и Коневски не се важни граѓаните, туку бизнис интересите

Од:

„Наместо да се носи во транспарентна постапка, нацртот за новиот ДУП за четврт И10 беше спорен уште од самиот почеток, со тоа што беше вметнат  како дополнување на дневниот ред.

Кршејќи го повеќе пати Деловникот за работа, предлозите на СДСМ и коалицијата за одложување и симнување на точката од дневен ред беа одбиени од мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ.

Веќе навикнавме на тоа Ивица Коневски деталните урбанистички планови ги гледа како цртеж со кој треба да ги исполни желбите на Груевски.

Револтот на граѓаните од неконтролираното градење е голем, заради  веќе предвидените нови 48 згради и изградбата на четирите висококатници, поради кои граѓаните често имаат прекин на снабдувањето со вода.

За Ивица Коневски не се важни  потреби на граѓаните од Острово, за паркинг, спортски и детски игралишта, уреден зелен простор. Нему, поважни му се бизнис интересите, овозможувајќи, на она малку  зеленило, кое на тој простор остана, да се изградат згради.

Кога Коневски ги лаже граѓаните треба да се договори со администрацијата, дали на граѓаните ќе им кажат дека се планирани 12  нови згради како што вели секторот урбанизам, или 3 како што вели Коневски.

Граѓаните на Аеродром треба да ја знаат вистината за тоа колку нови згради се кријат во новиот ДУП?

Советничката група на СДСМ и коалицијата ги повикува сите граѓани да појдат во просториите на УЗ Острово во ТЦ Скопјанка, и самите да се уверат што е лага а што вистина, како и да ги дадат своите забелешки.

Дополнителен срам се и навредите од партизираната администрација на Коневски којашто заслепена од курирските приказни, ги навредуваше граѓаните и новинарите.

Службеничката од  секторот за урбанизам треба да знае дека постојат граѓани кои имаат слободна и критична мисла, за разлика од некои,  кои реагираат само на наредби , посебно кога треба да се појават на контра протести. Токму од тие граѓани којшто ги навредува, таа зема плата, за да ги слушне нивните предлози и критики, а не граѓаните да ги слушаат нејзините навреди.

Се уште нема никакво извинување ниту од општината ниту од Коневски за срамните навреди коишто службеничката од секторот за урбанизам ги упати на граѓаните и новинарите.

Како и неговиот партиски шеф Груевски така и на Коневски му одговараат медиумите само тогаш кога на веќе изградена градинка фрла лопата.

ВМРО-ДПМНЕ и Ивица Коневски после 11 години владеење во општината Аеродром целосно изгубија контакт со реалноста“, се вели во соопштението на СДСМ Аеродром.

Би можело да ве интересира

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски