Идентификувана е првата жртва на вчерашните терористички напади во Брисел во кои 31 лице го загуби животот, а 230 се повреднеи, јави дописникот на МИА од Брисел.
Според националната ТВ-станица „РТБФ“, министерството за надворешни работи на Перу потврди дека нивната државјанка Марина Аделма Тапиа Руиз настрадала во двете експлозии предизвикани од двајца бомбаши-самоубици на Националниот аеродром Завентем во Брисел.
– Нашата 36-годишна сограѓанка живееше шест години во Брисел, а во моментов на нејзиното загинување, заедно со нејзиниот сопруг и двете ќерки се наоѓала во една од собите на аеродромот Завентем каде експлодираше една од бомбите – соопшти МНР на Перу.
Во исто време, идентификувана е и една жртва на експлозијата во метрото крај метро-станицата Малбек во европскиот кварт на Брисел, каде повеќе од 20 лица загинаа, а тоа е жена од Мароко, чије има и презиме не е наведено, но чија смрт ја потврдиле четири нејзини роднини што во моментот биле со неа во метрото, а кои се повредени во овој терористички акт.