Пред лицето на заканата ќе продолжиме цврсто, мирно и достоинствено. Ова го изјави вечерва Кралот на Белгија Филип во вонредно обраќање до нацијата откако утринава се случија нападите во Брисел.
– Денеска нашата земја е во жалост. За секој од нас 22 март повеќе нема да биде ден како другите, рече кралот.
– Со кралица Матилда ја споделуваме болката на оние изгубиле блиски или чии блиски се повредени. Треба да имаме верба во себе, додаде кралот.
Белгија прогласи тридневна жалост, откако во денешните два напади – на аеродромот и во метрото во главниот град, загинаа 34, а повредени се околу 200 лица.