Властите во Брисел им дозволија на жителите и работните луѓе од градот да ги напуштат живеалиштата и канцелариите. Претходно денеска, сите беа повикани да останат таму каде што се наоѓаат во моментот, откако градот стана жртва на три терористички напади.
– Во Белгија е поставен највисок степен на тревога, но утре продавниците, училиштата, детските градинки и градскиот превоз ќе работат. Тоа од кое се плашевме, се случи, изјави премиерот Шарл Мишел.
Евакуирано е седиштето на Европската комисија, а вработените во Европскиот парламент беа задржани во комплексот на институцијата.
Локалните медиуми потврдија дека Исламската држава официјално презеде одговорност за денешните напади, во кои загинаа 34 лица, на најмалку 198 се повредени.