Генералниот секретар на Советот за соработка на Персискиот Залив, Абдулатиф Ал-Заиани и ја понуди својата помош на Белгија, се наведува во соопштението на ГЦЦ.
Блокот го сочинуваат Саудиска Арабија, Кувајт, Бахреин, Оман, Катар и Соединетите Арапски Емирати.
Експолозијата во главниот град на Белгија, следеше само четири дена по апсењето во Брисел, во кое е приведен осомничениот за нападите во Париз, во ноември минатата година, во кои загинаа 130 лица.
Утрово во Брисел беа извршени терористички напади на белгискиот аеродром и метро станицата „Малбек“, во кој 34 лица загинаа, а 106 се повредени.