Прославениот напаѓач на шампионот на Европа, се враќа во својот сакан клуб.
Имено, Дрогба ќе се врати во Челзи само додека трае паузата на фудбалското првенство во Кина.
Тој би се вратил во својот поранешен клуб како би ја сочувал својата форма и физичката подготвеност и затоа побара дозвола од својот сегашен клуб да им се придружи на “сините”.
“Мислам дека постои шанса да се вратам во Челзи и да тренирам со екипата додека не почне Африканскиот куп на нации. Сепак прво ќе мора да го прашам мојот клуб, а секако и Челзи, за да ми дозволат” – изјави Дидие Дрогба.
Во Кина е завршено првенството. Клубот на Другба, Шангај Шенхуа заврши како деветти, а Дрогба постигна осум погодока на единаесет натпревари.