Мишел: Белгија е погодена од насилство и кукавички и дискриминирачки бомбашки напади

Од:

Она од што се плашевме се реализираше. Нашата земја е погодена од насилство и кукавички и недискриминирачки бомбашки напади, изјави белгискиот премиер Шарл Мишел на заедничка прес-конференција во Брисел со федералниот обвинител и со министерот за внатрешни работи Јан Јамбон.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, премиерот додаде дека има „многу мртви и ранети“ од денешните симултани терористички напади на бриселското метро крај станицата Малбек и на Националниот аеродром „Завентем“.

– Безбедноста на земјата и граѓаните е приоритет на Владата во моментов, како и помош на оние на кои им е потребна. Важно е да се процени ситуацијата и состојбата на жртвите, вклучувајќи ги и странските. Ние ги евакуиравме жртвите во различни болници, но за жал има многу загинати. Националното тело за закана од тероризам (OCAM) го прилагоди нивото на безбедност на четврти степен, воени засилувања се распоредени, а ограничувања на јавниот превоз и блокада на метро, железничкиот и автобускиот превоз е укинат на чувствителни локации за безбедноста, соопшти белгискиот премиер Мишел.

Тој исто така, апелираше за смиреност и побара од луѓето да се обединат во хармонија со цел да се соочат најдобро против нападите.

– Ние ја следиме ситуацијата од минута во минута. Главен приоритет се жртвите и луѓето на аеродромот. Овие напади, засега немаат директна врска со апсењето во петокот на извршителот на терористичките напади во Париз во ноември минатата година, Салах Абдеслам – додаде премиерот на Белгија.

Засега, официјалната бројка на загинати во двата напади во Брисел е 26 лица, од кои 11 на аеродромот, а 15 во метрото, со 35 ранети на аеродромот, а 55 во метро станицата, од кои десет лица со потешки повреди.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски