Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд изрази сочуство до народот на Белгија по експлозиите во Брисел, во кои загинаа најмалку 26 лица, јави дописникот на МИА.
Генералниот секретар на Советот на Европа во присуство на претседателот на Албанија, Бујар Нишани, изјави дека „терористичките напади ги имаа како цел европските вредности“.
– Европа треба да биде заедно во борбата против тероризмот врз основа на човековите права и правната држава, рече Јагланд.
Според него, првенцијата од радикализацијата треба да биде приоритет и со неа треба да биде опфатено образованието и воспитувањето за да се работи на инклузивни општетства.