Колачиња без шеќер (посно)

Од:

Вкусни, сочни, здрави, хранливи …

Потребно е:
3
меки банани
2 чаши (од 250 мл) овесни снегулки
1 чаша суво грозје или брусници
80 мл масло
1/2 лажиче цимет
50 гр чоколадо од вишни, искршено на коцки
80 гр сецкани ореви
1/4 лажиче сол

Подготовка:
– Во еден сад испасирајте ги бананите и додадете ги останатите состојки. Убаво измешајте и оставете да отстои 10-тина минути за да се спојат убаво сите состојки.

– Со раце земајте од смесата и обликувајте топчиња малку поголеми од орев. Потоа малку сплескајте ги и наредете ги во тава на хартија за печење.

– Печете ги во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 25 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска