„Во избирачкиот список има точно 330.588 сомнителни гласачи. Изборниот криминал на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно потврден.
330.588 сомнителни гласачи е доказ дека последните изборни циклуси во Македонија не биле регуларни.
Во Македонија владее криминална банда без легитимитет којашто не само што ги крадела парите на граѓаните туку го украла и нивниот глас“, рече на денешната прес конференција, Дамјан Манчевски.
„Извештајот на ИТ експертската група со којшто се потврдуваат 330.588 сомнителни гласачи го усвоија сите девет члена на ДИК.
Методологијата за проверка на избирачкиот список беше донесена со консензус на сите партии и експертите и за неа гласаа сите девет члена на ДИК. Тоа е методологијата за која што во одреден временски период дури ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не прозиваа да ја прифатиме. Сега не им е добра.
Откако излезе не виделина вистината за криминалниот избирачки список, методологијата што самите ја усвоија веќе не е добра за ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Во координација, овие две партии најпрвин ја отфрлија активната регистрација на гласачи. Потоа во координација се спротивставија на целосната теренска проверка. Сега имаат проблем и со делумната теренска проверка.
Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат интерес да скријат многу работи во избирачкиот список. Очигледно е кој се плаши од откривањето на вистината.
Согласно одлуката на ДИК, нема теренски да се проверуваат 124.079 лица кои најверојатно моментално не се во државата. Тоа се луѓе кои ги има во базата на податоци на МВР, но ги нема во ниту една друга база на податоци во последните осум месеци.
Бараме ДИК да излезе во јавноста и да објасни како ќе ги провери овие граѓани. Кое е објаснувањето на ДИК за статусот на овие граѓани?
ДИК е должна да и презентира на јавноста патоказ по којшто ќе се дојде до легитимен избирачки список.
Овој состав на ДИК не смее да дозволи сомнеж во избирачкиот список и има обврска, согласно законот, целосно да го прочисти. Не смее да има сомнеж во ниту еден глас. Мора да важи правилото еден човек-еден глас.
Без целосно прочистен избирачки список нема фер, демократски и регуларни избори.
Граѓаните ги очекуваат промените на следните фер и демократски избори на кои што ќе победи СДСМ, ќе победат граѓаните, ќе победи Македонија“, изјави потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.