Убиениот во полициската акција во Брисел бил Алжирец поврзан со ИД

Од:

Алжирецот Белкаид Мохамед е осомничениот терорист, кој беше застрелан во вчерашната операција на полицијата во Брисел, соопшти денеска белгиското Јавно обвинителството, додавајќи дека тој илегално престојувал во Белгија.

Мохамед беше убиен кога отворил оган кон полицијата. Во станот, во кој се наоѓал полицијата пронашла знамиња на групата Исламска држава, 11 шаржери за автоматска пушка „Калашников“, исламистичка литература и експлозивни направи.

Во станот се наоѓале уште двајца мажи, кои успеале да побегаат и засега се уште се на слобода.

Белгиските медиуми јавија дека синоќа биле приведени 58 лица и биле спроведени над сто рации во Брисел.

Во локална болница синоќа бил донесен маж со скршена нога, за кого се претпоставува дека е поврзан со случајот. Тој се уште не е сослушан. Мажот, кој го довел повредениот во болницата, избегал.

Вчерашната полициска операција е поврзана со истрагата за ноемвриските напади во Париз. Еден француски и тројца белгиски полицајци беа повредени во заедничката антитерористичка операција на белгиската и француската полиција во бриселскиот кварт Форе. Ранетите полицајци се пуштени на домашно лекување.

Подоцна денеска треба да се одржи седница на Советот за национална безбедност на Белгија.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски