Попоски: Македонија има институционален капацитет за преговори со ЕУ

Од:

Република Македонија е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, а предноста од седумгодишното чекање датум за почеток на пристапните преговори е што земјата изгради институционални капацитети што ќе и овозможи полесно справување со предизвиците во текот на преговорите. Почнувањето на пристапните преговори ќе ни помогне и во справувањето со сите други предизвици, вклучувајќи ги и билатералните прашања.

Ова го изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски во обраќањето на првата панел дискусија „Отворена Влада, подлабока демократија“ во рамки на конференција за тинк-тенк организации од регионот и од ЕУ што ја организира Центарот за истражување и креирање политики од Скопје.

– Поголемиот дел од потешките прашања се веќе завршени во Македонија во раната фаза, така што многу малку прашања ќе бидат оставени за во фазата на пристапните преговори. Пристапните преговори го имаат загубено концептот на двонасочна улица. Со оглед на нивото на акито и неговиот обем тие повеќе се сведуваат на исполнување на барања отколку на преговори. Во практика вие не преговарате, туку испорачувате резултати кои мора да ги завршите со цел да ја потврдите усогласеноста со европското право, рече Попоски.

Според него, друга предност е што македонските граѓани се реални во однос на очекувањата од членството во ЕУ.

– Граѓаните се свесни дека членството во ЕУ не значи дека некој друг ќе ни ги решава проблемите, туку дека постојано ќе бидеме константно соочени со предизвикот да покажеме капацитет да ги решаваме прашањата кои би ги имале на национало, регионалнио и на европско ниво. Имате и помалку илузуии за Европа како Дедо Мраз, која дели подароци за Божик и во текот на целата година, рече Попоски.

На прашање од учесниците на дебатата, Попоски рече дека во Македонија поддршката во јавноста за евроинтеграциите е над 90 проценти, но она што е потребно е кампања за појаснување за процесите што се одвиваат во ЕУ и подигнување на нивото на свест за вредностите за кои се залага денес Унијата.

– Кога не прашуваат дали навистина сакаме во ЕУ кога знаеме дека денес има земји во ЕУ кои се банкротирани, одговорот на тоа е логичен – станува збор за најуспешниот мировен проект на континентот. Од друга страна мора да бидеме пореални што може ЕУ да ни понуди. Тоа е мир, просперитет и стабилност, но не може да ви ги реши проблемите со долговите, со структурните реформи, рече шефот на дипломатијата.

Она што е потребно според него е да се влијае на јавното мислење во земјите членки да се зголеми поддршката за процесот на проширување на ЕУ, во актуелната ситуација кога се преокупирани прашања како пад на БДП, потреба од структурни реформи или стареењето на популацијата.

– Во ваков контекст не може да се очекува проширувањето на ЕУ со група земји од Западен Балкан, мали и со ограничени потенцијали, да биде популарна тема. Пораката што треба да им ја испратиме е да ги потсетиме дека зборуваме за мировен проект, дека со проширувањето на областа на мир и просперитет на Балканот значи повеќе мир и просперитет за Европа, како и на моќта на влијанието на европската идеја за развој на демократиајта, што е вредно за да се инвестира време и енергија, рече министерот Попоски.

Тој охрабрува дебата во цивилното општество за процесот на евроинтеграциите, која може да придонесе со свои предлози и алтернативи за можните политики, што вели е многу важно и може да претставува најважно прашање од нашиот интеграциски процес. Што е уште поверојатно, додава Попоски, ќе влијае и на неговата динамика до полноправното членство.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он