Мигранти илегално влегле на македонска територија

Од:

Група од околу 300 до 500 мигранти, попладнево после 14 часот илегално влегле на територија на Република Македонија кај месноста наречена „Ќупот“ во близина на гевгелиското село Моин каде утрово се удавија тројца Авганистанци во надојдената вода на Сува Река.

– На нашата територија мигрантите влегле непречено на местото каде завршува жичаната ограда, меѓутоа веднаш биле пресретнати од нашите безбедносни сили, разделени во групи и оневозможени да продолжат да се движат низ Македонија, изјавија за МИА од регионалниот Центар за управување со кризи.

Моментно групите мигранти се уште се на македонска територија добро чувани и обезбедувани од припадниците на АРМ и полицијата.

Состојбата на местото на настанот сега е мирна. Раководителот на ЦУК Гевгелија, Зоран Лазаревски за МИА изјави дека според правилата мигрантите кои нелегално влегоа на територија на РМ ќе бидат вратени назад од местото од каде што влегле во Македонија.

Би можело да ве интересира

Грција ќе ги суспендира барањата за азил од луѓе што доаѓаат од Северна Африка за три месеци

Трамп нареди проширување на мерките за притвор и депортација на мигрантите

Германската влада ги затвора вратите за мигрантите

Голема пресметка на банди во близина на Сараево, шестмина се повредени

Горан Наумовски

Нелегалните мигранти пукаа врз полицијата во близина на Шид, еден мигрант е убиен

Горан Наумовски

Пронајдени двајца мртви мажи во Суботица, истражителите се сомневаат дека се работи за пресметка