Активистите на Здружението „Стоп за полициската бруталност“ започнаа да се собираат пред платото на куќата на Мајка Тереза, за најавениот мирен марш по повод една година од бруталното убиство на Мартин Нешкоски.
Присуството на полицијата е забележително. На активистите им се придружуваат и други граѓани и членови на невладини организации.