До полноќ пријави до ДИК за Избирачкиот список

Од:

Ноќеска на полноќ  ќе биде затворена опцијата за пријавување неконзистентни записи во Избирачкиот список на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК).

Ова, како што соопшти денеска ДИК, е од причина што за пристигнатите пријави е потребно време Државната изборна комисија соодветно да ги обработи, да ги спореди со податоците од вкрстените проверки и да  утврди кои од пријавените случаи треба да бидат предмет на теренска проверка.

Според соопштението, од денот на  објавувањето на Избирачкиот список на веб страната на ДИК, со податоци : име, презиме и адреса на избирачите, согласно член 31 став 2 точка 28-г, до денеска можноста да пријават нерегуларности во податоците ја искористиле околу 5.000 граѓани.

Државната изборна комисија воедно информира дека извештајот за добиените резултати од вкрстените проверки ќе го разгледа на јавна седница во среда и најавува дека веднаш потоа ќе се започнат подготовки и активности за спроведување на теренската проверка.

– Сите граѓани кои не ја искористиле можноста да пријават нерегуларности на податоците во Избирачкиот список на веб страната, ќе можат тоа и понатаму да го направат преку подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Државната изборна комисија со сите пристигнати пријави соодветно ќе постапи на начин што  дел од известувањата на граѓаните ќе бидат предмет на административни проверки преку евиденциите на надлежните органи, а за известувањата на граѓаните за грешки во евиденциите за живеалиште, по утврдување на основoт на истите, ќе се постапува по спроведените вкрстени проверки, соопшти ДИК од каде се заблагодаруваат на граѓаните за подршката и активното учество во напорите околу прочистувањето на Избирачкиот список.

Би можело да ве интересира

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски

Во 33 општини ќе има втор круг на гласање на 2 ноември

Горан Наумовски