Брзо и едноставно …
Потребно е:
2 чаши (од 250 мл) путер од кикирики
2 чаши шеќер во прав
50 гр путер
1 ванилин шеќер
1/2 чаша млеко во прав
100 гр чоколадо за готвење
4 лажици масло
Подготовка:
– Во еден сад ставете ги омекнатиот путер од кикирики и обичниот путер и изматете ги убаво со миксер да станат пенести.
– Додадете ги шеќерот во прав, ванилиниот шеќер и млекото во прав и убаво измешајте. Смесата ставете ја да стои најмалку 30 минути во фрижидер да се стегне.
– Од смесата земајте парчиња и формирајте топчиња. Наредете ги на чинија и ставете ги повторно во фрижидер на неколку часа за да се стегнат убаво.
– Во меѓувреме растопете го чоколадото со маслото и оставете да се излади.
– Топчињата увалкајте ги во изладеното растопено чоколадо и украсете по желба.