(ВИДЕО) СДСМ Штип: Бараме средства за приклучување на домаќинствата до канализациони мрежи

Од:

„Медиумите коишто се под директна контрола на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, секојдневно ги трујат граѓаните со невистини поврзани со наводни реализирани проекти на оваа криминална и ненародна власт.

Речиси пред една година, локалните власти на чело со градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев се сликаа и сечеа лента за пуштање во употреба на реконструираната канализациона мрежа во оваа населба. Тогаш ги уверуваа граѓаните дека конечно нивниот проблем е решен“, рече Маријана Рогожароска, портпарол на ОИШ на СДСМ Штип.

Дека на лагата и се кратки нозете говори состојбата во којашто се денес се наоѓаат стотина семејства од штипската населба Македонка. Старата и дотраена канализација за само една година во неколку наврати се излеваше во домовите на граѓаните, нанесувајќи им материјални штета како и опасност од ширење на заразни заболувања.

Но, локалната власт предводена од ВМРО- ДПМНЕ како и директорот на ЈП Исар, Ангел Бојаџиев, наместо да се заложат за трајно решавање на проблемот на овие граѓани, повторно се одлучија да ги манипулираат вадејќи машини на терен со коишто наводно ќе се чисти канализацијата. Иако знаат дека е дотраена и нефункционална.

За трајно да биде решен проблемот на овие граѓани, потребно е да се обезбедат индивидуални приклучоци на домаќинствата до канализациона мрежа. Ваквиот зафат би чинел некаде околу 450.000 денари за сите стотина семејства.

Бараме овие средства да бидат обезбедени од буџетот на општината со што конечно ќе се стави крај на маката на овие семејства, а Јавното претпријатие ќе заштеди со тоа што ќе ги намали трошоците за постојани сервисирања и отстранување на дефектите на оваа канализација.

Ако се има во предвид колку средства на граѓаните беа потрошени за изградба на споменици, фонтани и барокни фасади, сметаме дека оваа сума е незначителна бројка во однос на сите непродуктивни трошења“, изјави Маријана Рогожароска, портпарол на ОИШ на СДСМ Штип.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата