А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Зголемено нивото на реката Вардар во Велес, засега нема опасност од излевање

by А1он11/03/2016 - 15:01244
Share0

Нивото на реката Вардар во Велес,под Мало мовче денеска изнесува 250 сантиметри, што е повеќе за 112 сантиметри споредено со вчера пред врнежите, кога изнесувал 138 сантиметри.

Добивај вести на вибер

Според информацијата од Наташа Петрова од Центарот за справување со кризи, критичната точка за излевање на Вардар во Велес е 259 сантиметри, што е за само 9 сантиметри повеќе од сегашното ниво.
– Поради тоа што денеска престанаа врнежите од дожд, засега нема опасност од излевање на водите на Вардар во Велес.Но поради тоа од УХМР има најава од нови врнежи од дожд што ќе значи и понатаможно зголемување на нивото на водите во Вардар,како што сме информирани од локалната власт тие постојано се на терен и ја следат состојбата, а со цел навреме да реагираат во случај на излевање на Вардар, потенцира Петрова.

Инаку, градоначалникот Славчо Чадиев заедно со пратеникот во Собранието на Р. Македонија Илија Димовски денеска излегоа на терен и направија увид во состојбата по течението на реката Вардар.Тие на терен се сретнаа и разговаа и со претставници на месните заедници и од Територијалната Противпожарна Единици.

– Поради зголемениот водостој на Вардар и најавата за нови врнежи кои можат да бидат критични за Вардар за негово излевање, нашите служби од Општина Велес. будно го следи водостојот на Вардар, но и на другите реки во Велес и велешко, потенцира Чадиев.

Тој најави дека во текот на денот ќе се состане и Кризниот штаб и доколку се појави потреба итно ќе се дејствува на терен,за да навреме се евакуира населението чии куќи и викендички се непосредно покрај реката Вардар.

vardarveles

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2324/02/2026 - 15:18

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Горан Наумовски20/02/2026 - 17:32

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 07:5518/02/2026 - 09:45

Критично ниво на реките: Треска четири, а Вардар два и пол пати над просекот

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 11:1117/02/2026 - 14:11

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он23/01/2026 - 17:3023/01/2026 - 17:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен