Николовски: Цветков ја потврди злоупотребата на земјоделските субвенции

Од:

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, преку соопштение до медиумите, констатира дека министерот Михаил Цветков вчера ја потврди злоупотребата на земјоделските субвенции од страна на поранешниот министер Љупчо Димовски и директорот на Платежната агенција Тони Димовски за случајот „Корал“, поврзан со семејството на градоначалникот на Демир Капија Трајче Димитриев.

Николовски го повикува министерот Цветков да каже, како, десет месеци откако сопругата на градоначалникот, Виолета Димитрова, иако не е ниту сопственик, ниту управител, на името на фирмата „Корал“ склучила договор за цесија и добила субвенции само со нејзиниот потпис, без печат од правно лице.

– Како смеел министерот Љупчо Димовски да потпише цесија на која нема печат од правното лице кое е исто така страна во тој договор, а тогашниот директор на Агенцијата Тони Димовски да се потпише на истиот договор за цесија и експресно,  за еден ден, да донесе решение за исплата на земјоделските субвенции и каде завршуваат овие пари, прашува Николовски во дописот.

Како што наведува, нема оправдување за ваквото противзаконско работење на поранешниот министер Димовски и тогашниот директор на Платежната агенција Димовски.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади