Младите од СДММ го честитаат 8-ми март, Меѓународниот ден на жената.
На плоштадите, пазарчињата и парковите низ Македонија се дели цвеќе во знак на внимание кон жената.
Се истакнува потребата од уште поголемо вклучување на жените во општествено – политичките процеси.
Денеска сме сведоци дека жената во Република Македонија е деградирана и омаловажена. Власта на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да не врати назад во секој поглед.
Сакаат да го планираат семејството, животот на жената.
Ова мора да престане. Жената е ТАА промена која кажува СТОП!
Нашата цел е општество на еднакви можности, затоа што тоа е здраво општество.
Затоа родовата еднаквост мора што побрзо да стане реалност.