СДСМ: Лекарите и граѓаните ставаат крај на политиките на смрт на Тодоров и Груевски

Од:

„Никола Тодоров притиска други да го бранат додека го тресат редица скандали: недостиг на лекови и загорзени животи на Онкологија, на Кардиологија, смртта на малата Тамара!

Фрапирачкото писмо во коешто се препорачува клиничките конзилиуми да не даваат предлози за упатување во странство за да проработел Спиналниот центар, чија жртва е малата Тамара, е огледало на расипнички политики на Тодоров и Груевски.

Недостигот на цитостатици на позитивната листа на Онкологија и нелогичните процедури да се дојде до дијагноза, чија жртва се илјадници болни од рак, се огледало на расипнички политики на Тодоров и Груевски.

Недостогот на лекови на Кардиологија и заканите да не се дознае веста, чија жртва се стотоци пациенти со оперирано срце, се огледало на расипнички политики на Тодоров и Груевски.

Никола Тодоров мора веднаш да прекине да се крие зад раководствата на клиниките поставени од неговата партија.

Раководствата на клиниките имаат обврска да ги штитат граѓаните и пациентите од кои примаат плата, а не да го бранат неодговорниот министер за здравство Никола Тодоров.

Животите на илјадници луѓе се засегнати од тендер политиките на Никола Тодоров и неодговорната власт на Никола Груевски.

Тоа што секојдневно има нови и нови совесни лекари, нови и нови медициснки лица, нови и нови граѓани кои ги пријавуваат скандалозните случувања во здравството е најсилната порака за Тодоров и Груевски.

Лекарите и граѓаните ставаат крај на политиките на смрт на Тодоров и Груевски.

Малку е Никола Тодоров да даде оставка. Ниедна реакција од ВМРО-ДПМНЕ повеќе не поминува. Сите кои направиле злодела врз граѓаните и нивните соработници ќе одговараат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел