Себастијан Фетел останува фаворит за титулата за 2012, и покрај проблемите во квалификациите за Големата награда на Абу Даби кои го намалуваат растојанието на табелата кај возачите меѓу него и Фернандо Алонсо. Така барем смета Ф1 легендата Ники Лауда. Во моментов Фетел води со само 10 поени пред пилотот на Ферари, а трет е Кими Раиконен.
До крајот на сезоната остануваат уште само две трки и Лауда тврди дека мислењето за Фетел не е променето: “Мислам дека Ред Бул се научија од грешките и сега ќе бидат технички совршен за последните две трки. Тогаш се ќе е до Фетел, а тој е во најбрзиот болид “.
И покрај се Алонсо останува решен и борбен, подбутнувајки го Ферари постојано да го подобруваат неговото F2012. “За тоа му плаќаат. Но, тој може само да продолжи како порано, без оглед што прави се како што треба. Тоа не е доволно. Ферари не можат да се натпреваруваат со Ред Бул”, објаснува Лауда, но не верува дека Фетел ќе го реши шампионатот уште во Тексас следната недела. Сезоната ќе заврши со “супер финале” во Бразил, според Лауда.