Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Шилегов

Од:

Во врска со оценката на Петре Шилегов од СДСМ дека претседателот на Уставниот суд Јован Јосифовски треба да поднесе оставка, ВМРО-ДПМНЕ во пишана реакција прашува – има ли поголема иронија во тоа кога СДСМ обвинува за партиска поврзаност во судството?

– СДСМ е партијата која во ист ден, со декрет смени и именуваше 600 судии на генералниот реизбор реализиран без дискусии, само со кревање два прста. Филип Медарски, адвокатот на аболицираниот криминалец Зоран Заев има сопруга која е судија во основниот суд Скопје.

Неговата баба е Јавен обвинител, а неговиот кум Гаврил Бубевски е десна рака на Катица Јанева. судијата во Уставниот суд Наташа Габер е сестра на Виктор Габер, истакнат член на СДСМ и комисијата за надворешни работи, пишува во дописот на владејачката партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ продолжува со праксата да измислува теми со цел да се присутни со нешто во јавноста бидејќи, наведува, друго немаат што да им понудат на граѓаните.

– Јавноста добро знае дека ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став поврзан со темата која како иницијатива се појави пред Уставниот суд. И тој став ВМРО-ДПМНЕ не го сменил ни во 2009 ни денес. СДСМ е тој кој менува ставови, односно еднаш е за правото на претстедателот на државата да помилува во одредени случаи, за сега да се противи на тоа. Очекувавме Шилегов да излезе барем да го презентира единствениот став на СДСМ по ова прашање, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски