А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за Избирачкиот список

by А1он04/03/2016 - 16:34103
Share0

Во изминатите десет години разликата во поддршката која ја имаат ВМРО ДПМНЕ и СДСМ е околу 200.000 гласови и се должи на мудроста на граѓаните да препознаат понуда на проекти и просперитет од една страна и деструкција и афери од друга страна. Таа разлика ќе се потврди и на 5 јуни, неведува ВМРО-ДПМНЕ во пишана реакција на соопштението на СДСМ во врска со Избирачкиот список.

Добивај вести на вибер

Според владејачката партија, СДСМ е во паника откако медиумите објавиле информации дека нивната теза за 150.000 непостоечки гласови, кои биле украдени е целосна лага и манипулација.

– СДСМ е во паника затоа што се покажа дека ситните корекции во избирачкиот список можеле да се направат и да се стигне за изборите кои требаше да се одржат на 24 април.

Единствената причина за одложувањето беше стравот на СДСМ од соочување со граѓаните. Затоа СДСМ упорно ја замајува јавноста со истите стари манипулации. За среќа оваа излитена и деструктивна политика на СДСМ е прочитана и истата ќе ја казнат сурово на 5 јуни, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата посочува дека СДСМ ги контролира двете најважни институции задолжени за спроведување на изборите, ДИК и МВР, и затоа, како што наведува, секој обид за пронаоѓање ефтино алиби не им поминува ниту кај нивните партиски членови.

– Чичаковски и Спасовски сега имаат директен увид на избирачкиот список и имаат целосна одговорност за кредибилитетот на истиот, вклучително и да ги расчистат сериозните индиции кои се појавуваат во медиумите, со цел што поскоро да има прочистен список. Изборите на 5 јуни и катастрофалниот јубилеен пораз на СДСМ само ќе потврдат дека досегашните избори не само што биле кредибилни, туку биле и реален сооднос на довербата која граѓаните им ја даваат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 12:32

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:4412/01/2026 - 13:52

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:2717/12/2025 - 14:45

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 13:06

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 11:4307/12/2025 - 17:40

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 10:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен