Белгиската Влада денеска одлучи да го продолжи воведениот претпоследен степен на готовност при напад по препорака на Службата за оценка на заканите, која располага со информации од разузнавањето и полицијата.
Речиси еден месец се забалежува присуство на вооружени војници покрај стратешки објекти.
Владата одлучила бројот на воените патроли да се зголеми од 700 на 740. Дополнителните војници ќе бидат распоредени покрај двете белгиски атомски централи.
Претпоследниот степен на готовност означува дека во земјата е „можен и веројатен“ терористички напад.