ВИДЕО: Николовски поднесе кривична за Цветков за скандалот со Силекс Неметали

Од:

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска до Основното јавно обивнителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против министерот Михаил Цветков.

Кривичната против Цветков, изјави Николовски, е за злоупотреба на службена положба и овластување.

– Оваа кривична пријава со сите обезбедени докази, е за скандалот со доделувањето тендер од Министерството, тежок половина милион евра, на фирмата „Силекс неметали“, сопственост на „Силекс“ АД Кратово. Кога „Силекс неметали“ го добил тендерот и кога се исплатени средствата преку Платежната агенција, Михаил Цветков во исто време е министер за земјоделство, но и член на Управниот одбор на „Силекс“ АД Кратово, нагласи Николовски по доставувањето.

Ова, оцени дополнителниот заменик-министер, е класичен судир на интереси, злоупотреба на државните институции и на парите на граѓаните, како и на медиумите, што покажува дека е нопходно нивно регулирање.

– Одговорност за овој случај мора да има. Секој што го прекршил законот, ќе одговара, подвлече Николовски, додавајќи дека очекува процесуирање на кривичната пријава во најскоро време.

Кривичната пријава е прва за министерот Цветков од дополнителниот заменик-министер откако досега беа поднесени неколку против раководители на подрачни единици на Министерството за земјоделство.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници