СДСМ: Власта нема намера да се откаже од механизмите за злоупотреба на институциите

Од:

СДСМ денеска оцени дека граѓаните не може да и веруваат на власта оти сака да спроведе фер и  демократски избори, ако нема намера да спроведе попис. Власта, тврди опозициската партија, правела се за да не ги прифати забелешките од ОБСЕ/OДИХР за изборното законодавство со што ги зголемила сомневањата оти нема намера да се откаже од механизми за злупотреба на институциите и со тоа да обезбеди атмосфера за фер и слободни избори.

Ана Павловска Данева, потпретседател на СДСМ на прес-конференција рече дека една година по неуспешниот обид за спроведување на пописот власта не одговорила на прашањата поврзани со таа операција што оставиле сомнеж во јавноста, ниту пак во буџетот за следната година предвидела пари за негово спроведување.

Надлежните, според Данева, не дале обајснување за потрошените 14 милиони евра за минатогодишниот попис, никој не понел одговорност и уште немало одговори кои се вистинските причини за неговото пропаѓање.

– Како граѓаните да и веруваат на власта дека сака да спроведе фер и демократски избори, ако нема намера да спроведе попис? Заедно со фактот, што власта прави сè, за да не ги прифати доследно забелешките на  ОБСЕ/ОДИХР и истите да ги вметне во изборниот закон, само ги зголемува сомневањата, дека власта нема намера да се откаже од механизмите за злупотреба на институциите и со тоа да обезбеди атмосфера за фер и слободни избори, рече Павловска-Данева.

Би можело да ве интересира

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција