Олимпискиот шампион од Лондон во велосипедизам, Британецот Бредли Вигинс и овогодишниот победник на трката Тур д Франс, итно е префрлен во болница, откако возејќи велосипед се судри со едно комби возило.
Инцидентот се случи кај едно мало место, во англиската обкаст Ланкашир.
Локалната полиција соопшти дека во сударот, Вигинс има здобиени неколку повреди по телото.
Лекарите соопштија дека има скршено неколку ребра, како и други скршеници, но дека неговите повреди не се од сериозна природа и тој ќе може набргу да му се врати на спортувањето и возењето.
Судирот се случил во близината на неговиот дом, а претставник на семејството изјави дека Вигинс бил на својата вообичаена патека од пет километри, по која редивно вози за да ја одржува својата форма.
Бредли Вигинс има освоено досега освоено шест олимписки медали, меѓу кои три златни, на Олимписките Игри од 2000, до оваа година. Тој е првиот Британец кој победил на Тур д Франс.