Судењето за „Дива населба“ одложено за 8 март

Од:

Петтото рочиште за судскиот процес „Дива населба“ денеска е одложено поради немање услови за одржување на главната расправа во скопскиот Кривичен суд.

Тројца од адвокатите на обвинетите ја напуштија судницата, поради лошите услови во кои се одвива судењето. Адвокатите се казнуваат со по 1.200 евра поради нарушување на редот во судницата и оневозможување на услови за одржување на главна расправа.

Адвокатите бараат да се исполни основното начело на фер, правично и јавно судење, односно на секој бранител да му се овозможи да седи до обвинетиот што го застапува, присуство на најмалку по еден од роднините на обвинетите, како и присуство на новинарите.

Првите две рочиште за случајот „Дива населба“  во кој се обвинети 29 лица се товарат за тероризам и учество во терористичка организација се одржаа во големата сала Врховниот суд.

На 9 и на 10 мај минатата година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Новото судско рочиште за Дива населба“ е закажано за 8 март.

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена