Му замина и последниот воз на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Едно големо НИШТО, ете тоа направија за младите во овие 10 години. Бројките се најдобар показател. 53 проценти младинска невработеност, 626.312 иселени граѓани, пред се млади, образовани луѓе. Податоци според Светска банка, реагираат од СДММ.
Денеска, Стефан Богоев, СДММ, претставници на младински организации зборуваа за сегашноста и како младите да имаат иднина тука. Се дискутираше за младинската гаранција и бизнис инкубаторите, мерки на СДСМ кои отвораат нови работни места за младите.
Во нивната Програма се залагаат за реконструирани студентски домови, современи студентски кампуси во кои лебарките по студентските оброци нема да бидат нашата реалност.
Ако Груевски и ВМРО-ДПМНЕ имаа со што да се пофалат кај младите нема да бегаат од дебата.
Ги нема никаде. Ниту на јавна дебата за образование, ниту на дебата со претставници од младински организации.
Залудно денеска Груевски ветува железнички викенди за младите. На политичкиот пензионер Никола, му замина и последниот воз.
Слободно Груевски нека зборува за минатото. Го разбираме. Затоа што и самиот тој е минато, велат од СДММ.