Инфантино: Русија и Катар остануваат домаќини на фудбалските Мундијали

Од:

Новиот претседател на ФИФА Џани Инфантино потврди дека нема да се води расправа за промена на организацијата на Светските првенства 2018 и 2022 година. За домаќини се одредени Русија во 2018 година и Катар во 2022 година.

Инфантино денеска првпат се појави на своето ново работно место.

Швајцарските обвинители го испитуваат случајот со поткуп при гласањето на двата Мундијала, пред се оној на Катар, бидејќи постојат обвиненија од повеќе страни.

Инфантино на изборите за претседател на ФИФА, одржани во петокот, победи во конкуренција со шеикот Салман бин Ибрахим ел Калифа, принцот Али бин ел Хусеин и Французинот Жером Шампањ.
Инфантино го наследи Сеп Блатер на позицијата претседател на ФИФА.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ