А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Танеф-македонски адвокат од Охајо: За Mакедонците Ромни ќе беше подобар

by А1он08/11/2012 - 10:2108/11/2012 - 11:24292
Share0

И Обединетата македонска дијаспора му ја честиташе победата на претседателот Барак Обама.

Добивај вести на вибер
Во честитката се наведува изјавата на претседателот Обама за време на самитот на НАТО во Стразбур во 2009 година, дека вратата за членство во НАТО е отворена за земјите кои ги исполнуваат стандардите на НАТО и даваат придонес кон безбедноста, и дека со нетрпение го очекува денот кога ќе и посака добредојде на Македонија во Алијансата. Се бара Белата куќа да покаже отпорност кон активностите на Грција во САД, за одложување на македонското членство во НАТО.

Томи Танеф, угледен македонски адвокат од Охајо, вели  дека Ромни ќе биде подобар за заштита на интересите на Република Македонија.

„Тука, Грците се подобро поврзани со демократите, а Македонците се со републиканците“, вели Танеф.

Тој изјави  дека Македонците од Охајо главно гласале за Ромни не само поради очекуваната поголема поддршка за Македонија, туку и поради неговата економска политика.

„Мислам дека неговата победа нема да биде позитивна за бизнисот, Македонците кои се во Охајо се главно мали стопанственици, имаат свои бизниси и сега може да очекуваме да плаќаме повисоки стапки на данок. Постои страв да инвестираме бидејќи не знаеме што да очекуваме сега. Берзата веднаш падна по изборот на Обама, земјата е задолжена со 16 трилиони долари и тоа не може да продолжи без крај“, вели Танеф.

Од другата страна, во коментарите на претставниците на грчката заедница во САД, се поздравува пред се изборот на сенаторот Боб Менендез од Њу Џерси, кого грчката организација ХАЛЦ го оценува како незаменлив во застапувањето на грчките ставови во Сенатот. Иако пред самите избори беше вмешан во секс скандал, Менендез, кој е Кубанец по потекло, победи во трката против републикански кандидат кој, пак, имаше грчко-либанско потекло. ХАЛЦ сепак заклучува дека Сенатот, по 30 години, е без етнички Грк во својот состав, со повлекувањето на сенаторката од Мејн Олимпија Сноу.

 

dijasporaomdsad

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Иран во пламен: Повеќе од 50 мртви, Револуционерната гарда се заканува со „крвава одмазда“

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 19:5909/01/2026 - 20:01

ВИДЕО: „Авионoт на судниот ден“ снимен над Лос Анџелес, досега е активиран само еднаш

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 16:3009/01/2026 - 16:31

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски08/01/2026 - 14:2208/01/2026 - 14:55

Ескалација во реториката: Москва со закани по нападот врз руски танкер

Горан Наумовски08/01/2026 - 14:13

Карлсон со остра оценка: САД се трансформираат во империја

Горан Наумовски08/01/2026 - 12:16

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Агент на ICE уби жена во Минеаполис

Горан Наумовски08/01/2026 - 07:0408/01/2026 - 09:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен