Изминатите 24 часа издадени 92 потврди за азил

Од:

Изминатите 24 часа на 92 странски државјани им се издадени потврди за поднесување барање за признавање право на азил.

Од нив, како што соопшти МВР,  30 се од машки пол, 22 од женски пол, а 40 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата.

Според државјанството, потврди се издадени на 79 државјани на Сирија и на 13 државјани на Ирак.

Од 1 јануари годинава до денеска издадени се вкупно 87.630 потврди за барање признавање право на азил на странски државјани. Од нив 34.730 се од машки пол, 19.141 се од женски и 33.544 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 215 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-43.095, Авганистан-26.546 и Ирак-17.986.  

Во периодот 1 јануари 2016 година до денеска до Секторот за азил барање за признавање право на азил поднеле 21 лице (14 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. 

Изминатото деноноќие  до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Би можело да ве интересира

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски