Во Охрид протест против зачестените случаи на труење кучиња

Од:

Седумдесеттина активисти на здруженијата за заштита на животни „Анималија“ од Охрид, „Анима ворлд“ од Струга, како и љубители на животни и граѓани, денеска во Охрид протестираа против нехуманиот третман врз животните, конкретно против зачестените случаи на труења на кучиња низ градот.

Тие пренесоа порака дека не сакаат да живеат во општество што ги толерира таквите појави, со забелешка дека самото игнорирање на таквите случаи се поддршка на злото.

– Со овој протест се обидовме да пренесеме порака да се стави контрола на продажбата на отрови, што се употребуваат за труење бездомни животни, при што не ретко се убиваат и нечии миленичиња. Најчесто тие отрови од под тезга во земјоделските аптеки се продаваат, поради тоа што не е потребен рецепт за нив, ниту пак има строга контрола за нивна продажба и нивна употреба…Воедно го кренавме и нашиот глас поради пасивноста која најчесто МВР ја покажува по нашите пријави за труење животинки, како и пасивноста на ветеринарниот инспекторат за да се расветлат овие грозоморни случаи, стои во пораката на учесниците на собирот.

– Поставувањето на отрови не е решение, не само што не е хуман и цивилизиран начин, туку и не придонесува за намалување, напротив бројот на бездомни животни бележи зголемување. Со тоа само се доведуваат во опасност не само животните, туку и животите на луѓето, изјави Јована Мојсоска, активист во Здружението за заштита на животни „Анима ворлд“ од Струга.

Истовремено, тие укажуваат на постоечката законска регулатива чии одредби укажуват дека животните треба да се третираат како свесни суштества, забрануваат предизвикување болка, патење и повреди, сурово однесување и нехумано однесување и убивање животно за кои законот предвидува глоби во висина и до три илјади евра.

Законската регулатива предвидува и затворски казни до три години за оние што спротивно на прописите за заштита на животната средина и природата складираат, оставаат или расфрлаат отпадни матерни или со нив постапуваат на начин со кој се менува квалитетот на воздухот, почвата, водата или водотекот, во мера што може да ги влоши условите за живот на лугето или животните или растенијата и да го загрози нивниот опстанок.

Би можело да ве интересира

Шукова: Нов стационар и комунална полиција наместо ад-хок мерки за бездомните животни

Горан Наумовски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство