А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Oдносот на СДСМ кон медиумите е како во Северна Кореја и ИСИС

by А1он27/02/2016 - 15:01122
Share0

ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во кое ја оценува работата на одделни медиуми.

Следете a1on на Instagram Instagram

Еве што стои во соопштението:

„Вестите на Телма вчера беа отворени со 240 секунди временски простор во кој телевизијата грубо ги извртуваше партиските ставови на ВМРО-ДПМНЕ, за во понатамошниот тек на вестите да потроши дополнителни 240 секунди за промоција на ставовите на СДСМ. Во натпреварот кој ќе отстапи повеќе простор на СДСМ добро котираат и уредниците на 24 Вести, кои во 4 прилози одвоија 350 секунди за да го сатанизираат ВМРО ДПМНЕ , а во исто време да го воспеваат СДСМ.

Овие  телевизии  во текот на целиот период на вестите пласираат тези против  ВМРО-ДПМНЕ, доследно следејќи го наративот на СДСМ. СДСМ и партиското раководство ги окупираат и топ-вестите по порталите финасирани од Сорос. Овие портали одамна наликуваат на партиски веб-страници на СДСМ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Порталите како Плусинфо, Либертас, А1он, Фокус, Нова Тв и редица други кои се приматели на грантовите на Сорос, само за еден ден објавиле над 130 текстови во кои се воздига и промовира СДСМ, а околу 100 текстови во кои на најпримитивен начин и крајно неаргументирано се напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се наруши угледот  на  партијата и нејзиното раководство.

Вчера на виделина излезе уште една вистина – сите спомнати телевизии и портали излажаа во ист тон и со исти наслови за убиството на старецот од Мариово, крајно непрофесионално дезинформирајќи ја јавноста дека зад еден ваков трагичен настан се крие политичка позадина. Ваквите лаги беа демантирани дури и од семејството на убиениот и од портпаролот на СВР Битола.

Кога имаат партиски насоки да се руши угледот на ВМРО-ДПМНЕ и да се пласираат манипулациите и лагите кои СДСМ ги шири, тогаш од професионалноста на овие новинари останува едвај само едно п.

Апсурдно и смешно е СДСМ да зборува за  медиумски мрак, неизбалансирано известување и правична застапеност кога  сите овие портали и телевизии во  целост се однесуваат како партиски гласила на СДСМ.

Медиумите кои се квалитетни според тоталитарните стандарди на СДСМ не бираат начин како да го оцрнат ВМРО ДПМНЕ без факти и аргументи однесувајќи се крајно непрофесионално и погазувајќи ја медиумската етика во целост. Медиумите кои не се под диктат на Бихачка се прогласуваат за политички непријатели и против нив се организираат хајки.

Колку пари чини и на каков начин се плаќа ваквата промоција на СДСМ треба да стане предмет на интерес на истражните органи. Дали сите овие медиуми се регистрирани како медиуми, исто така треба да биде предмет на интерес на истражните органи. Тие треба да утврдат дали за медиумските мегафони на СДСМ важат истите закони како и за останатите граѓани, односно дали се исплаќаат пари за ваквата пропаганда на сметка или од црните фондови на СДСМ директно на рака.

Врв на лицемерие е кога СДСМ зборува за професионализам во медиумите. СДСМ сака целосна контрола врз медиумите. СДСМ сака сите медиуми да работат по урнек на овие кои без забелешки ги спроведуваат насоките и нарачките од Бихачка.

Тоталитарните идеи на СДСМ значат обид за воведување цензура, високи казни и одземање лиценци за медиумите кои СДСМ ги смета за свои политички непријатели.

Ваквов однос кон медиумите како односот на СДСМ, има само во Северна Кореја и ИСИС“.

dpmnemediumi

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:28

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:01

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Катерина Ѓуровски12/07/2026 - 12:27

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски01/07/2026 - 14:3401/07/2026 - 14:38

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Катерина Ѓуровски29/06/2026 - 11:51

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Катерина Ѓуровски22/06/2026 - 11:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео