Италијанецот од Швајцарија и довчерашен генерален секретар на УЕФА штотуку беше избран за нов претседател на ФИФА.
45-годишниот полиглот кој течно зборува Италијански, Шпански, Германски, Француски и Англиски јазик беше главен фаворит уште пред изборите.
Џани Инфантино, познатиот лик кој диригираше со ждрепките во УЕФА, од сега па натаму ќе го гледаме како претседател на ФИФА.
Инфантино е Швајцарец, но по етничка припадност е Италијанец чии родители се од Ломбардија и Калабрија. Студирал право на универзитетот во Фрибург, Швајцарија. Долги години работи во УЕФА, а беше доста близок до Мишел Платини.