Ахмети до Орав: Заедно до европска Македонија

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска испрати писмо во кое изразува благодарност за справувањето со политичката криза во Македонија.

– Ве молам дозволете ми да ја изразам мојата благодарност во име на сите членови на Демократската Унија за Интеграција како и во мое лично име преку ова јавно писмо за вашата клучна улога, заедно со придонесот од вашите колеги од Канцеларијата на ЕУ во Скопје, како и Комесарот Хан и тројцата Европратеници, кон постигнување на договорот за да се приврши сериозната политичка криза во земјата преку оддржување веродостојни избори на 5 јуни оваа година, вели Ахмети.

Посветеноста на Брисел за надминување на тешката состојба во земјата, вели тој, е поздравена од сите нас и вашата помош, со цел да се надминат разликите меѓу политичките партии, беше од суштинско значење.

Ахмети посочува дека ДУИ останува целосно посветена на спроведувањето на препораките на Прибе, списокот за Итни Реформи како и сите обврски кои произлегуваат од договорот во Скопје и високиот пристапен дијалог со Европската Унија.

– Исто така, дозволете ми да ве известувам дека ние се залагаме за фер и слободни избори на 5 јуни каде што граѓаните ќе ги споредуваат понудите на политичките партии и ќе гласаат без притисок, заплашување и уцени, вели Ахмети во писмото до Орав.

Спроведувањето на реформите, додава Ахмети, ја зајакнува домашната демократија и им овозможува на нашите пријатели во Брисел да го унапредат процесот на интеграција на Македонија во Европската Унија што за ДУИ останува примарна цел. сс

Би можело да ве интересира

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ