МЗТ Скопје домаќин на Тајфун во меч за опстанок во АБА лигата

Од:

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва против Тајфун го игра можеби решавачкиот натпревар за опстанок во регионалната кошаркарска АБА лига.

Аеродромци кои со учинок од 9 победи и 15 порази ја предводат групата од четири тима од деветото до 12. место на табелата, имаа само една победа повеќе од претпоследно пласираната Сутјеска, односно две од екипата на Тајфун.

Победа во вечерашниот дуел против Тајфун и дефинитивно ќе му обезбеди опстанок на МЗТ Скопје во АБА конкуренцијата. За остварување на целта од клубот ги повикуваат сите љубители на кошарката да дојдат во СЦ „Јане Сандански’’ и да им дадат поддршка на играчите. Влезот ќе биде слободен, а натпреварот ќе започне од 20 часот.

Овој дуел ќе биде и првиот од претпоследното 25. коло во АБА лигата. Во останатите натпревари од оваа рунда ќе играат:

Сабота
17:00 Металац – Унион Олимпија
19:00  Крка – Мега Лекс
21:00  Сутјеска – Будуќност

Недела
17:00  Игокеа – Задар

Понеделник
18:00  Цибона – Црвена Звезда
20:00  Партизан – Цедевита

Табела: Будуќност 22-2 (победи-порази), Ц.Звезда 18-6, Цедевита 18-6, Мега Лекс 16-8, Партизан 11-13, Цибона 11-13, Задар 11-13, У. Олимпија 10-14, МЗТ Скопје 9-15, Игокеа 9-15, Крка 9-15, Металац 9-15, Сутјеска 8-16, Тајфун 7-17.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он