ВИДЕО: Петмината уставни судии се соучесници во изборниот фалсификат

Од:

Граѓаните кои протестираа пред Уставен суд бараат уставните судии Елена Гошева претседателката на Уставен суд и Никола Ивановски, Јован Јосифовски, Вангелина Маркудова, Владимир Стојановски да си заминат од овие функции зашто противуставно, денеска гласаа за можност во иднина да бидат помилувани затвореници осудени за изборни криминали.

Петмината судии на Уставниот суд, денеска го поништија и Уставот и правото и правдата и станаа соучесници на фалсификувањето на изборите.

– Ние сме денеска тука да го искажеме својот револт затоа што петте судии, мнозинството на Уставниот суд денеска го поништија и Уставот и правото и правдата. Правдата е нешто што е скапоцено, ние овде викаме: Нема правда, нема мир! Нема да има мир додека овие пет судии, не си заминат од Уставниот суд, затоа што се додека тие бидат во судот, сите криминалци во оваа држава ќе бидат амнестирани, ќе бидат безбедни. Мора да се каже дека овие пет судии, на овој начин, станаа соучесници во криминалот кој се вика фалсификување на избори,вели Владимир Милчин.

Според Билјана Бејкова од АЈДЕ, со денешното прифаќање на иницијативата за помилување на затвореници осудени за изборен криминал, власта практично признава дека правела изборни измами.

-Денеска Уставниот донесе срамна одлука, во суштина ги погази, Уставот, правото и правдата. Денеска Уставниот суд во суштина стана сојузник на изборните измами кои се случуваат во оваа држава. Во суштина власта призна дека мамела на изборите, а Уставнито суд ја презеде одговорноста. Покрај тоа што очигледно дека судството е партизирано, ова е доказ дека власта се плаши, рече Бејкова.

Граѓанската платформа АЈДЕ ќе продолжи да бара одговорност од судиите на Уставен суд.

– Како им текна сега да го донесат овој закон, кога некој мора да се ослободи од некоја пресуда, а таа пресуда се знае каква ќе биде – по избори или за време на избори, тоа е најголемата причина. Има луѓе нема да ги пуштат од затвор за мали работи, а сега за корупција, изборен криминал и малверзации што се направени им текна да донесат таков закон, вели граѓанин на протестот пред Уставен суд.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод