Срѓан Ѓоковиќ префрлен во болница во Минхен

Од:

Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ треба да ги надмине тешкотиите не само на теренот, туку и надвор од него.

Србинот мораше да се врати по елиминацијата од Мастерсот во Париз минатата недела поради лошата здравствена состојба на неговиот татко Срѓан, и сега е јасно дека проблемите продолжуваат.

Вчера изутрина Срѓан Ѓоковиќ бил пренесен со приватен авион од Белград во познатата и многу модерна болница Гросгадерн во Минхен.

Според информациите таткото на тенисерот има сериозни респираторни проблеми кои се предизвикани од инфекција.

Клиниката во Минхен пак располага со најмодерните технологии за третман и затоа е преферирана од семејството на Ѓоковиќ. За време на транспортот со Срѓан имало тим кој ја следел состојбата на пациентот.

Новак учествува на завршниот турнир на ATП во Лондон. Денес тој се соочува со светскиот број 3 Енди Мареј во вториот натпревар од групата А .

Со победа Србинот ќе се пласира во полуфиналето.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“