Граѓанската должност мора да се изврши, Американец починал, го оживеале и гласал!

Од:

Еден постар Американец од Детроит, почина вчера на гласачкото место за време на претседателските избори во САД, но по успешната реанимација, оживеа и успеа да гласа.

Овој човек дошол со сопругата на гласање, тој го земал ливчето и се подготвувал да го заокружи еден од кандидатите кога одеднаш неговото срце престанало да работи, по што тој паднал.

За среќа, во тој момент на гласачкото место била медицинска сестра, која пришла и му направила реанимација.

„Неговата сопруга, која му помагаше да го пополни гласачкото ливче, го праша неколку прашања, но тој не одговори на нив. Тогаш таа почна да повикува помош, па дојдов за да видам што може да се направи“, изјави медицинската сестра.

Откако му го спаси животот, кога тој се разбуди првото нешто што рече беше „дали гласав.”

Потоа ја изврши граѓанската должност и веднаш беше однесен во болница.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас