Британски бизнисмени: Напуштањето на ЕУ ќе ја зголеми невработеноста

Од:

Група водечки британски бизнисмени предупредија денеска на опасноста од губењето на работни места во домашната економија доколку Велика Британија се определи за напуштање на ЕУ.

Во заедничко отворено писмо во лондонски „Тајмс“, бизнисмените велат дека напуштањето на Унијата сериозно ќе го измести приливот на инвестициите во земјата, што ќе се одрази и врз вработеноста.

– Бизнисот на Британија има потреба од неограничен пристап до европскиот пазар од 500 милиони луѓе, за да продолжи да расте, да инвестира и да создава работни места„ се вели во отвореното писмо на британските бизнисмени.

Меѓу потписниците, се водечки британски бизнимени од фирми како БТ, „Маркс и Спенсер“, „Водафон“, воениот комплекс „БАЕ-Системс“, авионската компанија „Изи Џетс“ и конфекцијата „Барбери“, но и водечките луѓе на двата британски најголеми аеродроми Хитроу и Гетвик и раководството на лондонската берза ФТСЕ-100.

Претставник на Даунинг стрит 10 денеска изрази задовлство од јавната подршка на напорите на премиерот Дејвид Камерон за да се задржи Велика Британија во ЕУ, објаснувајќи го писмото на британските бизнисмени во „Тајмс“ како случај „без преседан“ во британската пракса.

Реагирањето на оваа група од околу 130 угледни претставници на домашниот бизнис, доаѓа по вчерашната дебата во британскиот Парламент за договорот на Лондон и Брисел, околу новите услови за останување на Велика Британија во ЕУ.

Премиерот Камерон го бранеше договорот, што го подржаа сите членки на ЕУ, како мошне корисен и поволен за Велика Британија, која сега има обезбедено за себе „специјален статус“ во рамките на Унијата, но евроскептиците и антиевропски определените партии сметаат дека она што е добиено од Брисел е „премалку“, па дека за земјата е подобро да биде надвор од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца