За посетителите на Египет еден од најубавите настани е посетата на гробницата на Тутанкамон, во познатата Долина на кралевите во Луксор.
Туристите кои со децении поминуваат низ посмртните одаи на момчето фараон и другите древни гробници, создадоа непоправлива штета која може да доведе до затворање на оваа атракција.
Промената на температурата и влажноста на воздухот, велат експертите, доведуваат до лупење на гипсот од ѕидовите. Идните туристи ќе мораат да се задоволат само со детално изработената реплика, макар што египетските власте до прво треба да одлучат кога ќе започне сето тоа.
Врховниот совет за антиквитети во соработка со швајцарскиот Универзитет во Базел и мадридската компанија Factum Arte, веќе ги нарача репликите на одаите.
Врвните уметници уште во 2009-тата година добија зелено светло за да ги изградат трите копии на гробниците – Сети I, Нефертари и Тутанкамон. Factum Arte користеле 3D скенери за да се направи копијата на гробницата на Тутанкамон, за што им биле потребни неколку години. Репликата ќе биде откриена во Каиро, следната недела.
„Вистината е дека тие гробници никогаш не се градени со идејата некој да ги посетува. Беа сочувани повеќе од три илјади години, но во последните 90, состојбата драстично се влоши“, рече еден од уметниците, Британецот Адам Лоу за Independent on Sunday.
На 4. ноември 1922. година, по ископувањата во Долината на кралевите, британскиот археолог Хауард Картер ја откри сензационалната гробница на Тутанкамон – скоро недопрена. Тоа е едно од најголемите откритиа во Египет.
Меѓутоа, египетските власти се надеваат дека и репликата ќе привлекува голем број на туристи, како и до сега, околу пола милион годишно.