Изминатите 24 часа издадени потврди на 372 мигранти

Од:

Во изминатото деноноќие издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 372 странски државјани, од кои 104 од машки и 102 од женски пол, како и на 166 деца кои го придружуваат носителот. 

Како што соопшти денеска МВР, според државјанството, 250 потврди се издадени на државјани на  Сирија, 113 потврди на државјани на Ирак и девет потврди се издадени на државјани на Авганистан.

Во периодот од 1 јануари годинава до денеска издадени се потврди на вкупно 84.359 странски државјани, од кои 33.598 се од машки пол, 18.287 се од женски и 32.269 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 205  деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 40.658, Авганистан – 26.544 и Ирак – 17.154. 

Во истиот период до Секторот за азил барањеза признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Би можело да ве интересира

Грција ќе ги суспендира барањата за азил од луѓе што доаѓаат од Северна Африка за три месеци

Трамп нареди проширување на мерките за притвор и депортација на мигрантите

Германската влада ги затвора вратите за мигрантите

Голема пресметка на банди во близина на Сараево, шестмина се повредени

Горан Наумовски

Нелегалните мигранти пукаа врз полицијата во близина на Шид, еден мигрант е убиен

Горан Наумовски

Пронајдени двајца мртви мажи во Суботица, истражителите се сомневаат дека се работи за пресметка