МЗТ Скопје Аеродром – Карпош Соколи во финалето на кошаркарскиот куп

Од:

Двете најдобропласирани екипи во Првата кошаркарскалига, шампионот МЗТ Скопје Аеродром и тимот на Карпош Соколи ќе се борат за трофејот во 24. издание на Купот на Македонија.

За МЗТ Скопје ова ќе биде 12. финале во кое ќе го брка осмиот трофеј, додека Карпош Соколи ќе го игра првото финале во националниот куп.

Синоќа во второто полуфинале, шампионот од Аеродром го победи домаќинот Кожув со 72:62.
И покрај големата поддршка од полната сала „26 Април“, Кожув немаше сили за изненадување. Избраниците на тренерот Марјан Илиевски по одличната игра посебно во одбраната во првите дваесет минути, во третиот период имаа пад во играта во нападот, постигнаа само осум, а примија 14 кошеви, што беше решавачко за конечниот исход на полуфиналето. Искусните кошаркари на МЗТ Скопје го искористија заморот на противникот и пократката клупа на Кожув и на крајот обезбедија сигурна победа за ново финале.

Пет кошаркари на МЗТ Скопје постигнаа двоцифрен број на поени, Марко Луковиќ со 12 беше првиот стрелец веднаш до него беа Дамјан Стојановски, Ѓорѓе Дреновац и Марко Љубичиќ со 11, Данило Мијатовиќ реализира 10 поени.

Најефикасни во домашниот тим беа Брендон Пен со 21 и Алексеј Нешовиќ со 20 постигнати поени.

Претходно, во првото полуфинале Карпош Соколи го совлада Куманово со 71:69.
Финалето е закажано за 19 часот и 30 минути.

Четири часа претходно (15:30) ќе стартува финалната пресметка кај дамите меѓу Бадел 1862 и Лотос.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он