Кенедиeви се вратија во Конгресот

Од:

Џозеф Кенеди Трети, правнук на убиениот претседател Џон Фицџералд Кенеди, е избран за член на Претставничкиот дом, со што во Конгресот се врати најпознатата политичка династија во САД.

Во 2010 година Патрик Кенеди, син на конгресменот Тед Кенеди, кој почина во 2009 година, ја соопшти намерата да не се кандидира за Претставничкиот дом, со што стави крај на повеќе од 60-годишното постојано присуство на семејниот клан во американскиот парламент.

Џозеф Кенеди Трети е внук на Роберт Кенеди, кој беше убиен во 1968 година. Тој ќе ја обнови семејната традиција на претставник на демократите во североисточната сојузна држава Масачусетс.

„Ова е неверојатен момент за мене“, изјави новиот конгресмен.

Тој изјави дека нема трпение „за да се зафати со работа“.

Во своите ставови искажани на Интернет овој 32-годишен дипломец на Харвард и поранешен заменик обвинител на Масачусетс ја изрази поддршката за правото на хомосексуалците да склучуваат бракови.

Враќањето на член на кланот Кенеди во Конгресот предизвика различни реакции на Твитер. Некои корисници на оваа социјална мрежа го поздравуваат „враќањето во власта на една династија“, додека други се изненадени од тоа што избирачите на власт го носат „секој носител на презимето Кенеди“.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас