Дали во 2050 во морето ќе има повеќе риби или пластика?

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Едно неодамнешно тврдење дека до 2050 година во морето ќе има повеќе пластика отколку риби беше со цел да се подвлече кризата со загадувањето во океаните. Проблемот навистина постои, но дали бројките држат вода, или се случува нешто навистина смрдливо?

Предвидувањето го направија Фондацијата Елен Мекартур и Светскиот економски форум, во извештај наречен Новата економија на пластиката, која ја проценува количината на пластика која на крајот завршува во морето.

Тоа доби огромен публицитет во медиумите, помеѓу останатите и во Гардијан, Вашингтон пост и во Дејли телеграф.

Еден од најголемите наслови кои произлегоа од извештајот беше дали ако продолжиме да фрламе пластика во морето според сегашната стапка, мерена според тежината, ќе има повеќе пластика отколку риби до 2050 година.

Ова отвора две прашања: како да се измери пластиката, и како да се избројат рибите? Во извештајот се признава дека е тешко да се биде прецизен. За пластиката, ако се повикаме на студијата која ја направи проф.Џина Џембек од Универзитетот на Џорџија, и објавена минатата година, таа се обидува да изнесе глобален цензус за загадувањето од пластика и да процени колку од тоа завршува во океаните. Нејзиното истражување го анализира вкупниот отпад кај сите земји кои излегуваат на море, и потоа прогнозира колку од тој отпад би требало да биде пластика, колку од тоа се рециклира, и така натаму.

Но за да се процени колку од пластиката тогаш завршува во морето во студијата истражува само една област – Заливот на Сан Франциско. „Ако тоа не е репрезентативно и за остатокот од светот тогаш можете да го увидите потенцијалот за поголеми девијации во оваа пресметка“, рече проф. Калум Робертс од Универзитетот во Јорк.

Она што го објави Фондацијата Елен Мекартур е искористување на истражувањето на Џембек, каде се прогнозира само до 2025, и го продолжува до 205 година. Па колку пластика ќе има во 2050?

Изненадувачки е што за толку важни борјки, ова не е објавено во извештајот иако се имплицира дека до тогаш ќе има вкупно 750 милиони тони пластика во океаните.
Но што е со проценките за рибите? Во извештајот никаде не се објавени бројки за очекуваната тонажа риби до 2050, и никаде не се цитираат истражувања за рибната популација.

Сепак, еден дијаграм во извештајот прикажува однос меѓу пластиката и рибите дека во 2050 ќе биде „поголем од еден спрема еден“ според тежината.

Кога Би-Би-Си побара објаснување за бројките, од Фондацијата Елен Мекартур испратија документ насловен „Основа за клучна статистика“, и објавија нова верзија од извештајот – објавена на 29 јануари – во кои има нови бројки (ниту еден од авторите на истражувањето не беше достапен за интервју во врска со оваа сторија). Апдејтуваните бројки од Фондацијата Елен Мекартур за рибите во морето во 2050 се грубо кажано 899 милиони тони.

Но таму исто тка е зголемена проценката за количеството пластика до 2050 во океаните на помеѓу 850 и 950 милиони тони, или околу 25 проценти повеќе отколку што првично беше предвидено. Па така иако ќе има малку повеќе пластика во океаните до 2050, според овие бројки, односот исто останува скоро еден спрема еден.

Но тука постои реален проблем. Броењето риби е незгодна работа – тие се лизгаат низ прсти. Новите бројки за тонажа риби кои Фондацијата Елен Мекартур ги наведува се засноваат на студија од 2008 која ја направи Сајмон Џенингс од Центарот за науки за животна околина, рибарство и аквакултура. Неговиот тим користел сателитски снимки за да го измери обемот на микроскопски растенија познати како фитопланктони во сите океани низ светот. Затоа што овие мали растенија се толку бујни, тие ја менуваат бојата на површината на океаните на големи подрачја, а овие промени можат да бидат видени од вселената. Сепак, минатата година Сајмон Џенингс направи исправки на неговата студија и дојде до сосема различни заклучоци. Тој за Би-Би-Си рече дека сега мисли дека фитопланктонот може потенцијално да поддржи многу, многу поголеми количини морски живот отколку што претходно мислел.

Неговата нова студија не прави разлика помеѓу рибите и другите морски предатори, но заклучува дека има помеѓу две и 10,4 милијарди тони морски суштества во океаните.
– Во овој момент не сме сосема уверени во нашите методи за да одредиме колкав дел од тоа се риби, рече Џенингс. „Тоа е многу несигурна бројка за да се предвиди“.

Исправките во предвидувањата од Фондацијата Елен Мекартур за пластиката исто така заслужува понатамошно внимание. Џина Џембек, која ја предводи студијата за загадувањето со пластика кое беше цитирано, за Би-Би-Си изјави дека не се чувствува уверена да го проектира нејзиниот труд од 2025 до 2050 година.

И колку пластика има сега во океаните, и колку ќе има во 2050? Не знаеме, но најверојатно многу. А колку риби? Со сигурност не знаеме, но најверојатно има многу. А кога едните ќе ги надминат другите? Дефинитивно не знаеме. Но ова укажува на еден многу реален проблем. Знаеме дека пластиката, која еднаш ќе дојде во океанот, не се распаѓа со децении, а можеби и со векови. А тоа постојано расте.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска