Бројот на туристи од Србија во константен пораст

Од:

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ја претставува туристичката понуда на Македонија на Саемот за туризам во Белград, Србија што се одржува од 18 до 21 февруари.

Претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ за време на саемот остварија средба со цел соработка со тур-операторите Magelan Travel, Topone, Ponte Travel, додека со Националната асоцијација на туристички работници на Србија – YUTA беа дискутирани можностите за интензивирање на соработката помеѓу тур-операторите од Македонија и Србија преку организација на регионални кружни тури.

Како што соопшти Агенцијата, бројот на туристи од Србија во Македонија бележи константен раст од 4 до 6 проценти на годишно ниво во последните пет години, а за наредната година приватиот сектор од двете земји очекува тој тренд на раст да продолжи.

Оваа година земја партнер на саемот за туризам во Белград е Република Словенија, додека идната година е предвидено да биде Република Црна Гора. Очекувањата се дека во 2018-та година Македонија ќе биде земја партнер на белградскиот саем за туризам.

На Саемот за туризам во Белград кој има 30-годишна традиција, оваа година учествуваа повеќе од 1.000 излагачи, а само првиот ден броеше над 60.000 посетители. Ова е прв саем годинава на кој Република Македонија ќе ги претстави своите потенцијали, а наредниот месец тоа ќе го стори на саем за туризам во Ниш, стои во соопштението од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Прекугранични несекојдневни приказни кои ќе го развиваат туризмот во регионите на Пелагонија и Корча

А1он

Зголемен бројот на туристите и на ноќевањата

А1он