(ВИДЕО) СДСМ ги достави до обвинителството доказите за скандалот во Ресен

Од:

СДСМ денеска ја достави папката со доказите за случајот во Ресен, до Основното јавно обвинителство во Битола и очекува веднаш да отвори постапка и да ги открие одговорните.

„Ова е голем скандал, со кој се урива демократскиот поредок и со кој се создава огромна недоверба во институциите и во нивниот капацитет да овозможат фер и демократски избори.

– Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска оваа папка му ја предава на Основното јавно обвинителство во Битола и очекуваме тоа веднаш, неодложно да отвори постапка и да ги открие одговорните.

– Од денеска, обвинителството ги има фотографиите на кои јасно се гледаат граѓаните како во група стојат пред нотарската канцеларија за да заверат договори за наем на стан. Сите изнајмуваа стан на иста адреса, кој според договорот го користат без паричен надомест. Обвинителството има и копии од договорите со кои се потврдува дека повеќемина гласачи се пријавуваат бесплатно да живеат под кирија во еден стан.

– Уште еднаш ги повикуваме  да ги прифатат предложените измени на Изборниот законик од страна на СДСМ и да овозможат на граѓаните на фер избори да одлучат каква иднина сакаат за својата земја“, изјави Андреј Петров, СДСМ.

Повеќе од видеото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он